X
 08.06.2017 Здравје

Родители, внимавајте што му правите на вашето бебе кога го изложувате пред екран

На состанок на друштвото на педијатри беше претставена студија која покажала дека кај децата помеѓу шест месеци и две години, кои слободното време го поминуваат пред екраните на најкористените уреди, доведува до доцнење во проговорувањето.

„Верувам дека тоа е прва студија која го истражува влијанието на технологијата врз говорот кај децата“, истакнува докторката Кетрин Биркин од болница во Торонто и една од истражувачите вклучени во споменатото истражување.

„Ова е првпат да обрнеме внимание на потенцијалните последици, но резултатите треба да се земаат со резерва, бидејќи во прашање е прв поглед на проблемот“, додала таа.

Во истражувањето во кое учествувале 900 деца, родителите одговарале на прашања од типот колку време дневно нивните деца поминуваат пред екраните до својата прва година. Потоа истражувачите правеле процена на способноста на говорот на децата.

Дваесет отсто од децата дневно поминуваат 28 минути гледајќи во екран, покажало истражувањето. Секое зголемување над 30 минути пред екраните го зголемува ризикот од доцнење во проговорувањето за 49 отсто, кога во прашање се звуци и зборови.

Студијата не пронашла никаква врска помеѓу овие уреди и други облици на комуникација, како на пример гестикулациите, говорот на телото и социјалната интеракција. Докторката Биркин сепак истакнува дека е потребно да се направат уште истражувања за да може со сигурност да се потврди дека телефоните и компјутерите директно влијаат врз развојот на говорот.

„За да можеме да им дадеме совети и препораки на родителите и лекарите, потребно е да се направат повеќе истражувања.“

Поедини педијатри од американската Академија на педијатри сметаат дека на децата помлади од 18 месеци треба целосно да им се забрани екранот, освен кога станува збор за видеоразговори со семејството. Вревата и активностите на екранот можат да го збркаат малото дете и да доведат до јаз помеѓу него и родителите.

Кај децата постари од 18 месеци, на родителите им се препорачува заедно со нив да гледаат програма од висок квалитет и заедно да се обидат да ја разберат и да разговараат за тоа што го виделе.

Според некои податоци, дури 40 отсто од децата до две години користеле мобилен телефон, а се претпоставува дека во иднина тој број драстично ќе се зголеми.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје