X
 02.09.2024 Живот

Дали знаете зошто сите се слаби на старите фотографии од плажа? Одговорот е едноставен

Сигурно барем еднаш сте налетале на стари фотографии од вашите родители или баби и дедовци од плажа. Сигурно забележавте колку биле слаби сите тогаш. Дали тоа е затоа што немале доволно пари да купат за јадење?

Со оваа тема се занимавал писателот Џорџ Монбио, кој привлекол големо внимание на социјалните мрежи. Познато е дека порано луѓето работеле многу потешка работа, а јаделе многу повеќе од нас денес, но биле послаби.

1
Фото: Facebook

Која е разликата?

Денес сè ни е достапно, но сепак изгледа како да не го користиме ова знаење во вистинската мера. Причината зошто луѓето во минатото биле претежно слаби била исхраната. Порано луѓето се хранеле без додаден шеќер, кој денес го има во сè. А има и информации дека денес купуваме половина свежо млеко помалку од пред 50 години, но затоа купуваме дури 39 пати повеќе млечни задоволства.

Шеќерот го консумираме во речиси сите производи без воопшто да сме свесни, па токму тоа е причината за дебелеењето денес, особено меѓу помладите генерации.

Извор: b92.net
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот