Виножитата и денес нè воодушевуваат исто како што ги воодушевувале луѓето пред многу милениуми кога измислувале легенди за нив. Во грчката митологија Ирис е божица на виножитото и гласник на олимписките богови која носела пораки од боговите до смртниците. И во нордиските земји легендите велат дека со виножитата се поврзуваат небото и земјата - виножито што гори може да го изодат само боговите и оние доблесни луѓе што починале во битка, премостувајќи го нашето царство и одејќи во божественото.
Во реалноста потеклото на феноменот е многу повеќе научно (иако не помалку фасцинантно). Три збора: рефлексија, рефракција и дисперзија. Чистата бела светлина што произлегува од сонцето минува низ капките вода што висат во воздухот, кои ја рефлектираат и дисперзираат како безбројни призми. Кога сончевата светлина ја погодува површината на капката дожд под правилен агол, зракот се „прекршува“ или свтикува бидејќи водата е погуста од околниот воздух. Како што светлината ја напушта капката, таа се дели на различни бранови должини по спектарот видлив за луѓето, од црвено (најдолго) до виолетово (најкратко) - со цело виножито меѓу нив.
Во продолжение можете да ги разгледате сликите од една од
најживописните атракции во светот.