Луѓето во Кина измислиле начин за заштита од екстремно високите температури. Станува збор за маска за лицето која е хит на плажите во Кина.
Маската била измислена уште во 2004 година од страна на Џанг Шифан, поранешен сметководител. Таа е направена од растеглива ткаенина која најчесто се користи за производство на костими за капење. Во 2019 година биле претставени нови модели кои го покриваат целото тело.
Маската се нарекува „фејскини“ (facekini). Таа го добила своето место и во светот на модата кога била претставена во светско модно списание во 2014 година.
Нејзината продажба се зголемила во последниот период поради високите температури.
- Оваа година е многу подобра од претходните. Продажбата дефинитивно се зголемила - открила една продавачка на маската.
Маската се продава за 2-4 долари, а некои посебни модели може да чинат до 24 долари.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)