X
 07.05.2020 Живот

Победниците на натпреварот организиран од Германското друштво за фотографирање на природата

Германското друштво за фотографирање на природата штотуку ги објави победниците на натпреварот „Фотограф на природата на годината 2020“, а фотографиите се прекрасни.

- Поради пандемијата на коронавирусот, гласањето не беше спроведено на годишниот генерален состанок, туку беше направено на интернет, што е првпат во историјата на друштвото, со големо учество на неговите членови - соопштуваат од друштвото.

Фотографите се натпреваруваа во 7 категории: птици, цицачи, други животни, растенија и габи, пејзажи, студиото на природата и специјалната категорија - вода.

- Беа поднесени 5.046 фотографии. По претходна постапка на жирито, членовите на друштвото требаше да направат свој избор од десет фотографии во секоја од седумте категории - соопштуваат од друштвото.

Оваа година главниот победник е Питер Линдел од Дортмунд, Германија, со неговата фотографија на која се наоѓа европскиот зајак. Линдел е страстен фотограф кој главно се фокусира на локалната и на африканската фауна.

ГАЛЕРИЈА


Извор: Bored Panda
Фото: gdtfoto.de | Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот