X
 02.10.2016 Живот

Брачна кавга за малку би ја сменила целата историја

Историјата е преполна со моменти кои не тераат да размислуваме што би се случило кога работите би тргнале во малку поинаква насока?

Приказната за шпанскиот шпион и неговата несреќна жена неодамна е објавена од страна на Државниот архив, а е доказ за тоа „што би било кога би било“, пренесува Mashable.

Саоукиот и двоен агент Хуан Пијол, чие шифрирано име било агент Гарбо, бил клучен во операциите во кои на Германците им биле доставуване погрешни информации, за да не го дознаат датумот и местото на доаѓање на војниците на „Денот Д“.

 

Додека работел за британскиот MI15, Пујол ги уверил сите германси шпионски колеги, дека во Велика Британија во моментот управува со мрежата на тајните агенти и е сигурен дека војниците ќе нападнат од Пас де Калаис, наместо во Нормандија.

Но, само една брачна кавга можела да биде причина за промената во историјата, а денешницата би изгледала потполно разлино,, доколку Германците би ги дознале вистинските информации.

Од документите се дознава дека Арачели Гонзалес била силна и карактерна жена во свет преполн со алфа мажи кои се бавеле со шпионажа.

Гонзалес и помогнала во уверувањето на германските шпиони дека нејзиниот маж истражува во Англија, додека парот всушност живеел во Португалија. Таа била личноста што воспоставила врска со американските тајни служби откако Британската амбасада ги одбила Гарбовите шпионски услуги.

Парот по некое време се преселил во Англија, заедно со својот син, во куќа на британскиот MI15, како би го заштитиле Гарбовиот идентитет. огаш започнале неволјите.

Бидејќи не можела да создаде пијателства во шпанската заедница во Англија, а MI15 се плашеле од  влијанието на прогерманските шпански агенти, на Гонзалес не и преостанало ништо друго освен да се жали на англискоо време.на што најмногу го мразела е битанската воена храна.

Соработникот на Гарбо кој бил во служба на преводителот на неговата жена, Томас Харис, му рекол дека постојано се жали дека нема ниту еден пријател, што нејзиниот сопруг не и дозволува да воспостави контакт со Шпанките во Лондон, ниту со старите пријатели во Шпанија.

Она што ја прелило чашата е одбиеното барање за враќање во матичната земја за Гонзалес да ја посети својата мајка.

„Со месеци ме преколнуваше да ја вратам дома, па барем и на недела дена“ - кажал Харис.„Како што се влошувала нејзината состојба, таа се закануваше дека ќе го остави сопругот. Но, тоа не го предизвикало посакуваниот ефект, па се заканила дека ќе преземе мерки во расипување на плановите врзани за Денот Д.“

Во момент на излив на бес, таа викала : „Дури и ако ме убијат, јас одам директно во шпанската амбасада.“

Агентот Гарбо презел очајнички мерки и го исценирал сопственото апсење, а како причина за тоа наведени се нејзините испади. Гонзалес била известена дека тој престојува во заробенички камп, а таа оишла во посета со врзани очи.

По состанокот, потпишала изјава дека ќе престане да бара дозвола за да се врати во Шпанија.

Така продолжиле плановите за доаѓање на војниците во Нормандија, што и помогнало да се победат сојузничките сили.

Овие неодамна откриени документи покажуваат што се морало да се жртвува за успех. Иако Гонзалес била пресудна карика за кариерата на сопругот, таа ја платила најголемата цена заради тоа што го работел агентот Гарбо.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот