Во 2014 година на интернет се појавило прашање од тест на кое не можело да се даде конечен одговор. Дерек Милер, кој е познат по неговиот канал на „Јутјуб“ наречен „Веритариум“, одлучил да најде дефинитивен одговор на задачата изнајмувајќи хеликоптер за да го претвори хипотетичкото сценарио во реално.
Во видеото, кое досега било прегледано милиони пати, Милер ја поставува задачата: „Хеликоптер лета хоризонтално со константна брзина. Совршено флексибилен кабел е закачен под хеликоптерот. Воздушното триење на кабелот не може да се занемари. Кој од следните дијаграми најдобро ја покажува формата на кабелот додека хеликоптерот лета надесно?“
Што мислите, кој е одговорот? Според анкета на следбениците на Милер, најмногу луѓе мислат дека точниот одговор е под Ц, а никој не мисли дека под Е е точниот одговор.
Со вистински хеликоптер и кабел, Милер покажува како ќе се движи кабелот при летањето на хеликоптерот во видеото.
Извор:
Interesting Engineering
Фото: YouTube (Printscreen)