X
 16.09.2016 Живот

Дали вашиот мозок припаѓа на машкиот или женскиот пол?

Научниот музеј во Лондон наиде на критики поради изложба која тврди дека може да одреди дали го користите мозокот како машко или женско.

 

тест


Тестот наречен „What sex is your brain“ (На кој род припаѓа вашиот мозок?) се состои од серија кратки визуелни прашања со повеќе избор.

„Општо земено, мажите и жените се многу слични едни на други на начинот на кој размислуваме. Психолозите имаат развиено тестови кои покажуваат разлики помеѓу половите“.

Како функционира?

Без оглед на полот, корисниците можат да започнат на средината на скалата за пол. Како што одговараат на шест прашања, стрелката се преместува кон машкиот или женскиот крај, кои се обоени со сина и розева боја.

На крајот, тестот тврди дека мажите во просек се подобри во „гледање на работите во три димензии“ како и тоа дека „имаат способност да замислат како работите ротираат“, додека жените имаат подобри резултати во „правењето разлика помеѓу суптилни навестувања и детали“ и имаат „добра визуелна меморија“.

Меѓутоа, тестот не наиде на добри критики меѓу онлајн јавноста, а корисниците го осудуваат како сексистички и научно неточен.

Алекс Тајрел, шеф на програмите и изложибте во Научниот музеј, се осврна на критиките во блог пост, велејќи дека е дизајниран да биде провокативен.

Тој вели дека дел од искористеното истражување е старо повеќе од деценија, а размислувањето позади него беше да се комуницира со најновите истражувања колку што е можно попрецизно.

„Идејата на тоа кој сум јас секогаш ќе предизвикува прашања. Ние ги презентираме проблемите на начин на кој предизвикуваме дебата, а сепак не сакаме да ја компромитираме точноста на содржината на изложеното. Науката се движи брзо, и додека не е секогаш возможно да бидеме во чекор со неа, за некои проблеми е од клучно значење да го забрзаме темпото и да се осигураме дека не сме заостанале“, вели тој.

Ако сте љубопитни, тестот можете да го направите ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот