X
 02.12.2019 Живот

Осамените пациенти побрзо умираат

Пациенти хоспитализирани поради проблеми со срцето се изложени на зголемен ризик од смртен исход во рок од една година од отпуштање од болницата ако живеат сами или се осамени, покажува дански научен труд објавен во списанието „Харт“.

Социјалната изолација одамна е поврзана со лошиот здравствен исход и помал животен век, особено кај постарите лица што страдаат од комплексни хронични здравствени проблеми, како што се срцеви заболувања.

Но, научниците исто така велат дека не е целосно јасно дали поврзаноста помеѓу осаменоста и должината на животниот век варира во зависност од видот на срцевиот проблем.

Во студијата данските научници анализирале одговори на 13.446 пациенти што биле хоспитализирани поради различни срцеви заболувања, нарушувања на срцевиот ритам, срцева слабост или заболувања на залисток, пред да бидат испратени на домашна нега. Потоа тие ги користеа податоците за регистарот за да го следат континуираното закрепнување на пациентите во текот на следната година.

Откриле дека веројатноста за смртност кај жените што одговориле дека се чувствуваат осамено е речиси трипати поголема во наредните години во споредба со оние што одговориле дека не се чувствуваат осамени. Веројатноста за смртен исход во споменатиот период беше повеќе од двојно поголема кај осамените мажи.

- Научниците открија силна корелација помеѓу осаменоста и смртта кај пациентите со дијагностицирани срцеви заболувања во текот на една година по напуштањето на болницата - рече Ана Вингард Кристенсен од Универзитетската болница во Копенхаген.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот