X
 02.12.2021 Наука

Астероид ќе помине покрај Земјата следната недела

Американската вселенска агенција НАСА предупреди дека астероид поголем од Ајфеловата кула ќе влезе во орбитата на Земјата за нешто повеќе од една недела. Астероидот широк 330 метри треба да помине покрај нас на 11 декември.

НАСА го следи астероидот, наречен 4660 Нереус, бидејќи ќе помине на оддалеченост од 7,4 милиони километри од Земјата и затоа е ставен во категоријата на потенцијално опасни астероиди.

Сепак, нема простор за паника бидејќи не се очекува удар во Земјата. Тој не треба да се приближи повеќе од 3,9 милиони километри од нас, што е десетпати повеќе од оддалеченоста на Месечината.

Астероидот првпат бил забележан во 1982 година од страна на астрономот Еленор Хилин.

Извор: New York Post
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука