X
 16.09.2021 Наука

„Спејс-екс“ лансира мисија со цивили во вселената

Американската вселенска компанија „Спејс-екс“ успешно ја лансира првата мисија до орбитата со патници кои не се астронаути. Ракетата полетала од вселенскиот центар „Кенеди“ вчеравечер. Никој од четирите патници во ракетата не поминал низ ригорозниот тренинг за астронаути на НАСА, а сега ќе поминат три дена во орбитата.

Мисијата била финансирана од милијардерот Џеред Ајзакмен, кој е еден од патниците во ракетата. Во ракетата патуваат и 29-годишната Хејли Арсено, која го победи ракот на коските, инженерот и ветеран Крис Семброски и Сијан Проктор, специјалист за научни комуникации и професор од Аризона.



Планот е ракетата да се искачи на височина од над 560 километри, што е повисоко од локацијата на Меѓународната вселенска станица. Тимот ќе остане во орбитата, уживајќи во погледот кон Земјата, јадејќи астронаутска храна и гледајќи ги омилените филмови.

Ова е најголемата височина до која патувале луѓе од 2009 г. Патниците ќе собираат и биомедицински податоци и ќе ги скенираат органите додека патуваат.

Извор: Futurism
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука