X
 19.08.2017 Технологија

Крај на една ера: НАСА го лансира последниот сателит за следење

Тринаесетти и последен дел од сателитската мрежа за следење и пренос на податоци е лансиран. Со лансирањето на сателитот „TDRS-M“ се одбележува крај на една ера.

фото извор: AFP

Сателитот од Кејп Канаверал го понела ракетата „Атлас пет“. НАСА ваквите сателити ги испраќаше во вселената од 1983 година. Мрежата се наоѓа на висина од 22.300 милји и ја поврзува контролата на Земјата со Меѓународната вселенска станица, вселенскиот телескоп „Хабл“ и другите објекти во ниската орбита.

Цената на сателитот е 408 милиони долари, односно 540 милиони ако се вброи и ракетата. Лансирањето е одложено за две недели, бидејќи минатиот месец дигалка удрила во една од антените на сателитот.

Произведувачот „Боинг“ ја замени оштетената антена и презеде мерки за да се спречат идни несреќи. Се истакнува дека за инцидентот е заслужна грешка на работник.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија