X
 02.12.2023 Живот

Нов тренд на пазарот на недвижности во Торонто: Се изнајмува половина кревет на непознати луѓе

Како одговор на ескалацијата на кризата на пазарот на домување во Торонто, жителите преземаат мерки без преседан - изнајмување половина од нивните кревети на непознати луѓе.

Очајот за домување е предизвикан од зголемените стапки на имот, при што просечната цена на кирија на еден стан со една спална соба во Торонто достигнува 2.641 долар месечно.

Соочени со овие превисоки цени, жителите почнаа да користат неконвенционални аранжмани за живеење, како што е споделување кревет, за да се ублажи финансискиот товар.

@aserealty just when you thought the Toronto rental market couldn’t get any worse, it did. Someone is trying to rent out a space in their queen sized bed in a downtown condo for $900/mo. And the worst part is that someone is actually going to rent this… SEND HELP #rentalmarket #roomrental #torontorentals #rentalcrisis #realestatefail ♬ BGM perfect for item description - Mi-on(みおん)
Така, во снимка објавена пред неколку недели на „Тик-ток“, Ања Етингер, која се занимава со продавање недвижности во Тороно, сподели објава на која наишла. Имено, една личност нуди да изнајми половина кревет во замена за месечен надоместок од 600 евра.

- Барам личност од женски пол за споделување спална соба и еден голем кревет. Претходно делев спална соба и кревет со цимер, го најдов на „Фејсбук“ и совршено функционираше - гласеше неименуваната објава, за која не се знае дали ја напишал маж или жена.

Објавата на „Фејсбук“ подоцна била избришана, но видеото на Ања на „Тик-ток“ беше прегледано повеќе од 611.000 пати.

 
Иако повеќето луѓе беа шокирани, постојат знаци дека трендот на споделување кревет со непозната личност е во пораст.

Истражување од 2021 година на Универзитетот за технологија во Сиднеј анкетирало 7.000 странски студенти кои живеат во Сиднеј и Мелбурн, и открило дека 3 отсто од испитаниците се одлучиле за овој вид изнајмување за да заштедат на кирија.

Извор: Indianexpress.com
Фото: Pexels
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот