X
 05.12.2017 Живот

Не ставајте ги овие фотографии на социјалните мрежи!

Треба добро да размислите пред да ставите одредени фотографии на вашите профили на социјалните мрежи:

1.    Патнички билети („boarding pass“)


„Инстаграм“ е преполн со фотографии од пасоши и патнички билети од пресреќни патници кои на својот профил сакаат да го споделат сопственото задоволство поради патувањето на определена дестинација. Избегнувајте ја таа замка, особено ако имате јавен профил или приватен со поголем број непознати виртуелни пријатели. Патничкиот билет содржи информации за вашата дестинација и за точниот термин на поаѓање, односно враќање од патувањето. Токму тие информации ги бараат крадците преку социјалните мрежи. Истото важи и за хакерите, кои врз база на шифрата на резервација (ПНР) можат да стигнат и до бројот на вашиот телефон, датумот на раѓање или податоците од пасошот.

2.    Какви било фотографии поврзани со финансиската состојба


Паричникот, кредитните картички, изводи од банка или од банкомат, каков било податок поврзан со вашата финансиска состојба – никогаш не смеете да ги фотографирате, иако понекогаш, случајно или намерно, можат да се најдат на вашите фотографии.

3.    Службена е-адреса

На социјалните мрежи често може да се наиде на разни „скриншотови“ (снимки од екраните) од лични комуникации кои луѓето ги објавуваат за да ги насмеат другите со некаков комичен или интересен коментар. Избегнувајте да ги објавувате „скриншотовите“ од службените е-адреси затоа што ненамерно можете да откриете некои важни деловни информации, кои треба да останат доверливи. Не заборавајте дека тука спаѓаат и личните електронски адреси на вашите соработници и колеги.

4.    Документи

Не е важно дали се работи за лични документи или, пак, за судски решенија, катастарски изводи или слична документација – никогаш не објавувајте ги на социјалните мрежи. Луѓето имаат навика да го прават тоа кога бараат некаков совет, не сфаќајќи дека на тој начин откриваат многу информации на кои не им е местото на интернет.

5.    Фотографии од деца (кои не се ваши)


Никогаш не објавувајте фотографии од туѓи малолетни деца без дозвола од нивните родители или старатели. Повеќето родители сакаат да имаат целосна контрола врз тоа, особено кога се работи за бебиња и мали деца. Интернетот е преполн со предатори и тоа е причина поради која мора да бидете апсолутно внимателни при објавување такви фотографии.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот