Споредните работни места стануваат популарен начин за луѓето дополнително да заработат пари. Без разлика дали станува збор за работа во кафуле или шетање кучиња, тоа се одлични начини да заработите екстра пари. Но, една жена го сподели нејзиниот необичен начин на заработка.
Австралиската претприемачка Моник Џеремаја заработува 600 евра месечно од нејзината споредна работа. Можеби за многумина не е привлечно, но со заштеда на дополнителниот приход таа успеала да започне сопствен бизнис, модна компанија, нешто за што отсекогаш сонувала. По раскинувањето со своето момче таа решила да издава половина од својот душек за 600 евра месечно. Иако на многумина ова им звучи опасно, таа вели дека е совршено бидејќи никогаш не е сама и верува дека тоа е иднината на изнајмувањето.
- Ваквото изнајмување е одлично за луѓе што можат емотивно да се одвојат и да спијат покрај друга личност со целосна почит и без обврски. Тоа е совршена ситуација, особено ако сте сапиосексуалец, како мене, и претпочитате дружење пред физичка интимност. Потребни се двајца луѓе кои меѓусебно ги почитуваат просторот, вредностите и границите. Тоа е како делење соба со два кревети; сепак, спиете заедно во ист кревет, па дефинитивно сакате голем кревет и многу простор во собата за да се исплати - објаснила 36-годишната девојка.
Нејзиниот прв цимер бил некој што веќе го познавала и тоа ѝ помогнало да го започне својот бизнис. Тоа ѝ бил поранешен партнер кој го повикала да живее со неа за време на пандемијата.
- Мојот живот буквално се распаѓаше и беше надвор од контрола. Знаев дека единствена опција е да размислувам надвор од рамката, па решив да изнајмувам половина од мојот кревет - објаснува таа.
Извор:
Lola magazin
Насловна фотографија: Pixabay