03.01.2019
Забава
Барби ќе наполни 60 години, а сѐ уште растура
Светски популарната кукла Барбика годинава ќе го прослави 60-тиот роденден, но сѐ уште „не се дава“ бидејќи годишно се продаваат по 58 милиони кукли во над 150 држави.
- Во индустријата за играчки каде што успехот трае од три до пет години, 60 години е навистина голема работа - изјави генералната директорка на брендот, Лиза Мекнајт.
Барби своето деби го имаше на 9 март 1959 година на саем за играчки во Њујорк. Оттогаш се продадени неколку милијарди кукли низ целиот свет.
Извор: МИА