X
 21.01.2020 Живот

Илон Маск вели дека ќе однесе милион луѓе на Марс до 2050 година

Во серија твитови извршниот директор на „Спејс Екс“, Илон Маск, откри нови детали за неговите планови за колонизација на Марс.

Теоретски, илјада вселенски бродови „Старшип“ би можеле да испратат „околу 100 илјади луѓе по Земја-Марс орбитална синхронизација“, напиша Маск на „Твитер“ и додаде дека тоа е целта. Орбитална синхронизација се однесува на израмнувањето на двете планети, кое е погодно за интерпланетарно патување, а се случува само еднаш на 26 месеци.

Кога еден корисник на „Твитер“ го праша дали тоа би било еднакво на еден милион луѓе на Марс до 2050 година, Маск одговори со едно едноставно „да“.

Според Маск, ќе биде потребен голем карго-капацитет за да се изгради човечка колонија на далечна планета.

- За животот да стане мултипланетарен, потребни се мегатони годишно во орбитата - напиша тој.

Секој вселенски брод би можел да пренесува повеќе од 100 тони по лет, што значи дека десет брода би можеле да носат еден мегатон годишно во орбитата, пресмета Маск.

И штом еднаш луѓето ќе пристигнат, ќе има многу што да прават.

- На Марс ќе има многу работни места - твитна Маск.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот