X
 08.02.2015 Образование

Учете помалку, учете попаметно

Кога учите нов материјал, тој може да биде претежок доколку имате малку време за да го разберете. Оваа техника на учење може да ви помогне да останете фокусирани и да научите повеќе информации со помалку учење.



Предавањето „Учете помалку, учете попаметно“, прикажано во видеото, е од професорот по психологија д-р Марти Лобдел од колеџот „Пирс“. Во него, Лобдел ги споделува најдобрите совети за учење за повеќе никогаш да не „бубате“ со денови бесполезно. Самото видео е прилично старо, но не е толку познато, иако е корисно за секој студент.

Целото предавање трае приближно еден час и дефинитивно вреди да се гледа, но за нетрпеливите, еве ги најдобрите совети кои ги извлековме оттаму:

- Учете во поделени сесии. Вашата способност за зачувување на информациите се намалува по само 25-30 минути. Затоа, подобро е да го поделите учењето во мали сесии. Наградете се со забавни активности за време на паузите.

- Имајте специјално место за учење. Не учете онаму кадешто правите се' останато. Не учете во креветот, онаму кадешто играте игри или пред телевизорот.

- Препознавајте ја разликата помеѓу препознавање и знаење. Познавањето од вас бара да помните нешто за да се сетите на се' останато. Активното учење со кое нема да ви се потребни потсетници потоа се постигнува со самотестирање, не само со разгледување на белешките.

- Правете добри белешки. Најдете метод кој функционира за вас и повторувајте ги сите по предавањата за да го разберете материјалот.

- Бидете подготвени да го предавате она што сте го научиле. Доколку може да го предадете некому, го знаете материјалот.

- Читајте учебници ефективно со испрашување, читање, рецитирање, повторување. Само читањето не е доволно.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование