Минатата седмица врнел дожд од риби во Тексас, САД. Град во Тексас објавил предупредување за жителите дека може да ги зафати „животински дожд“. Станува збор за појава кога мали животни како риби, лилјаци, змии, птици или жаби се заробени во водотеци од земјата до небото и потоа паѓаат како дожд.
Оваа појава е ретка, но навистина се случува, како што се случила во градот Тексаркана минатата среда. Во објавата од градот имало и фотографија од падната риба, а градот ги замолил жителите да споделуваат фотографии од паднати риби што ќе ги најдат.
Неколку жители кои сведочеле на овој настан изјавиле за локалните медиуми дека станувало збор за мали риби кои одеднаш паднале од небото.
Овој феномен претходно се случил и на други места, како во 2017 година во Калифорнија кога мали риби паднале на покривот на основно училиште.
Извор:
Insider
Фото: Facebook