Утре попладне во западните делови на земјава ќе има врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег. До сабота ќе дува засилен северен ветер (над 60 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места, а температурите насекаде ќе опаднат.
Повремено врнежите ќе бидат пообилни, наместа над 20 л/м2, а на планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка.
Извор: МИА