Љубителите на астрономијата ќе имаат можност да уживаат во полната Месечина вечерва, наречена Месечина-црв, која се совпаѓа со неколку празници и фестивали низ светот.
Оваа мартовска полна Месечина се нарекува Месечина-црв по црвите што почнуваат да излегуваат на површината откако Земјата ќе почне да се затоплува на северната хемисфера.
Европејците ја нарекуваат и „посна Месечина“ по христијанскиот период на пост пред Велигден. Исто така, оваа Месечина се совпаѓа со Пурим, еврејски празник кој го слави спасението на еврејскиот народ од заговорот за убиство на сите еврејски граѓани во античка Персија.
За Хиндусите, почната Месечина овој март го означува фестивалот Холи, прослава на љубовта на богот Рада Кришна и триумфот на доброто над злото.
За многу будисти, полната Месечина во март е време за фестивалот Мага Пуџа во Камбоџа, Лаос, Тајланд и Шри Ланка.
Месечината ќе биде полна по полноќ. Полна месечина секогаш се случува кога Месечината и Сонцето се на спротивните страни на Земјата.
Следна полна Месечина ќе има на 5 април. Оваа Месечина понекогаш се нарекува и розова, по розовите диви цвеќиња што почнуваат да цветаат во овој период од годината во некои делови од Северна Америка.