X
 03.02.2017 Наука

Зошто љубовните чувства и срцето немаат ништо заедничко?

Многу пати сте слушнале дека треба „да го слушаме срцето“ кога станува збор за љубовта, меѓутоа неодамнешните истражувања покажуваат дека всушност нашиот ум е тој што го контролира овој процес многу повеќе отколку што мислевме.

Според истражувањето спроведен од психолози од Универзитетот во Мисури и Универзитетот во Ротердам, луѓето со помош на своите мисли можат да ги контролираат чувствата, како и самите себеси да си помогнат да се опорават после тешкото раскинување.

За да го дознаат ова, истражувачите споредиле група од 20 луѓе кои биле во долга врска со 20 луѓе кои само што влегле во врска.

Од учесниците кои со себе зеле 30 фотографии од поранешните партнери било побарано да мислат позитивно и негативно за личностите и нивните врски. Исто така, биле испитани и колку ги привлекуваат партнерите додека истражувачите им го мереле и проучувале таканаречениот „LPP“ мозок, кој е показател на интензитетот на емоционалните реакции.

Овој тест утврди дека после позитивното размислување за партнерот, учесниците биле подготвени да им дадат уште една шанса за љубов. После фокусирањето на негативни работи, учесниците имале послаб „LPP“ и не биле расположени за бившите партнери.

Главниот истражувач, Сандра Лагнеслаг објаснува дека резултатите може да го променат однесувањето на луѓето кон заљубувањето.

„Луѓето мислат дека не можат да ја контролираат љубовта, а всушност можат, а ова истражување го покажува токму тоа“, вели таа.

Како што објаснува еден психолог, ова не значи дека љубовта не треба да се дисциплинира - доколку љубовта западне во рутина, тогаш потребно е да ги насочите мислите на убави нешта кои ве поврзуваат со партнерот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука