Водечката светска страница за научници Research.com го рангира академикот Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, меѓу врвните научници по инженеринг и технологија.
Коцарев е на 2.885. место во светот, додека во Македонија е прворангиран, а воедно е и единствен научник од нашата земја што се најде на листата. Според објавата на страницата, Коцарев има 192 изданија и 11.602 цитирања, додека Х-индексот му е 37.
Фото: Research.com (printscreen)
Х-индексот е показател за научната успешност на истражувачот, кој истовремено ги зема предвид научната продуктивност на истражувачот, мерена со бројот на објавените трудови, и влијанието, мерено со бројот на цитирања на тие трудови во други трудови.
Во меѓувреме, МАНУ се најде на 781. место во рангирањето на универзитетите за инженерство и технологија на истата страница. МАНУ има 192 изданија и Х-индекс 37.
Фото: Research.com (printscreen)
Додека од Македонија имаме само еден научник на сите листи, од земјите во регионот, како Србија, Грција, Бугарија, Хрватска и Словенија, на листите се најдоа повеќе научници и универзитети.
Насловна фотографија: Архива