X
 12.06.2018 Наука

Социјалните медиуми предизвикуваат осаменост кај милениумците

Светски познатиот терапевт д-р Рут Ветејмер зборува за негативните ефекти на социјалните медиуми врз милениумците.

90-годишната Ветејмер верува дека социјалните медиуми кај милениумците предизвикуваат осаменост и влијаат врз нивната способност да одржуваат романтични врски. Таа објаснува дека со доаѓањето на паметните телефони и прекумерната употреба на социјалните медиуми се попречуваат вистинските социјални вештини.

- Многу сум загрижена за осаменоста. Луѓето ја губат уметноста на разговорот. Тие постојано се на своите „ајфони“. Сигурно сте виделе двојки што седат во рестораните со телефоните на масата. Тоа е голем проблем за односите - вели таа и објаснува дека односите се потешки за одржување денес поради интернетот.

- Тоа им дава на луѓето неразумни очекувања дека принцот ќе дојде на коњ - додава таа.

Во меѓувреме, неодамнешно истражување открива дека осамените милениумци имаат поголема веројатност да доживеат ментални здравствени проблеми отколку другите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука