X
 06.12.2020 Забава

Застрашувачко видео од мост што се ниша поради силен ветар во Њујорк

Мостот „Верацано-Нероус“ во Њујорк бил затворен во понеделникот поради силниот ветер. Морничаво видео објавено на „Тик-ток“ го покажува празниот мост како се ниша на ветрот, а притоа се слушаат и застрашувачки звуци.

- Татко ми е електричар и ова е видеото што ми го прати од мостот „Верацано“ вчера за време на невремето - напишала Тифани Букери, која го објавила видеото.

@tiffanybuccheri

My dad is an electrician and this is the video he sends me from the Verrazano Bridge yesterday during the storm. ##fyp ##foryoupage ##nature ##storm ##wtf

♬ original sound - Tiffany Buccheri


Властите го затворија мостот поради невреме во градот при кое ветрот дувал и со брзина од 96 километри на час. Но лицата задолжени за мостот порачуваат дека 56-годишниот мост се движел токму како што треба. Таквите мостови се дизајнирани да бидат флексибилни и движењето е во рамките на стандардите, изјавил Арон Донован.

Автор: Дејвид Мејер
Извор: nypost.com
Насловна фотографија: Screenshot/Tiktok
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава