„Најтешката работа на светот е да се биде без работа“ - Витни М. Јанг. Влијанието на невработеноста не е ограничен само на финансиите. Невработеноста влијае и на менталното и физичко здравје на поединецот.
Влијанието на невработеноста на физичкото здравје
Пореметувања во прехраната
„Мој факс“ пишува дека ограничените трошоци може да бидат причина поради која невработените не се хранат доволно квалитетно, а ова може да го наруши здравјето на поединците. Емоционалната нестабилност може да доведе и до тоа личноста да загуби апетит што може да предизвика психички замор и слабост.
Срцеви проблеми
Недостатокот на активности може да доведе до сериозни проблеми. Целосниот недостаток на физичка активност е отворен повик за пореметувања поврзани со срцето, но и дијабетес.
Проблеми на интимно поле
Стресот предизвикан од невработеноста и летаргијата предизвикани од недостатокот на физичка активност може да доведат до проблеми во врските и проблеми со телесната интимност, покажуваат истражувањата.
Проблеми со спиењето
Постојаната грижа за наоѓањето работа и соочувањето со месечните трошоци може да го наруши здравиот ритам на спиење.
Влијание на невработеноста на психичкото здравје
Депресија
Невработеноста предизвикува чувство на безнадежност и вина. Гледањето како кариерата на останатите светаат може да предизвика чувство на љубомора и помала вредност, социјална отфрленост и депресија.
Осаменост
Невработеноста може да предизвика поединецот да се повлече од социјалниот живот и да стои далеку од „пријателскиот круг“. Поединецот нема ентузијазам, но и финансии за да се социјализира и да учествува во социјалните активности на своето друштво.
Суицидални мисли
Постои стигма која е поврзана со невработеноста. Емоционалната нестабилност и депресијата може да доведат до појава на мисли за самоубиство кај поединецот. Во таквите моменти, смртта може да изгледа како единствен излез.
Мала самодоверба
По години поминати на работа или на училиште, неактивноста може да направи поединецот да ја изгуби самодовербата. Уживањето во чувството на исполнетост кое произлегува од поединецот за време на работата се загубени во текот на невработеноста.
Чувство на бескорисност
Невработеноста буди чувство на бескорисност. За личноста навикната на работа невработеноста може да предизвика губење на животната цел. Членовите на семејството треба да се обидат да го разберат поединецот низ што поминува и да побараат дополнителна помош во случај на депресија.