X
 29.04.2020 Политика

Исчезнувања на лидерите на Северна Кореја во минатото

По исчезнувањето на Ким Јонг-ун, кое трае две недели, се појавија многу шпекулации дека тој е сериозно болен, но тој не е првиот член од владејачката елита на Северна Кореја што исчезнал од јавноста. Некои отсуства биле предизвикани од настани како смртни случаи, болести или елиминации.

Ким Ил-сунг

Пред неговата смрт во 1994, Ким не бил најсаканата личност, особено од луѓето од Јужна Кореја бидејќи тој почнал војна со земјата во која се вмешале и САД и Кина. Тој, исто така, наредил неуспешен атентат на претседателот на Јужна Кореја во 1968 и пратил агенти да постават бомби кои убиле 21 луѓе, меѓу кои и некои министри.


Фото: Ким Ил Сунг/Wikipedia

Кога весниците објавиле дека починал во ноември 1986, јавноста била во еуфорија и паника за нестабилноста на границите на двете земји. Меѓутоа, потоа Ким се појавил на аеродромот, жив и здрав, за да пречека монголската делегација. Најголемиот весник во Јужна Кореја никогаш не објавил статија за извинување или поправка на информацијата.

Ким Јонг-ил

Познатиот татко на сегашниот лидер бил тема на разни шпекулации за негови исчезнувања. Во 2004 г. голема експлозија на железничката станица која се наоѓа на граница со Кина инспирира шпекулации за можен атентат. Во судир на возови загинаа и беа повредени илјадници луѓе, но не била потврдена врска со можен атентат.


Фото: Ким Јонг-ил/Wikipedia

Постоеја многу шпекулации и во 2008 година за наводна смрт на Ким Јонг-ил. Кога тој навистина почина во декември 2011, целиот свет не веруваше и се чекаше потврда од државните медиуми за точноста на информацијата која беше објавена дури два дена подоцна. Неговата сестра, Ким Кјонг Хуи, исто така беше во фокусот на лажни вести за нејзина смрт, поточно за труење од страна на Ким Јонг-ун. По шест години се има појавено во јавност заедно со својот внук.

Ким Јонг-ун

Во последната недела се шират шпекулации за состојбата на Ким, како и и за операција на срцето која можеби се случила. Во 2014 година Ким исчезна од јавноста речиси шест недели. Јужнокорејска агенција подоцна открила дека тој имал хируршки зафат.

Ким Јонг-ун последен пат бил виден на 11 април кога водел состанок за превенција од коронавирусот. Ким ја има пропуштено и прославата на роденденот на неговиот починат татко.

Извор: dailysabah.com
Фото: Wikipedia

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика