Деветнаесетгодишна студентка од Осака се пријавила во полиција бидејќи мамела на приемен испит на универзитет. Освен тоа, таа признала дека испратила фотографии од прашања по светска историја на испитот преку телефонска апликација за видеоповици за време на тестирањето.
Студентката ѝ открила на полицијата дека мамела само на делот по светска историја. Таа го полагала испитот со цел да се запише на универзитет во Токио.
Инцидентот станал актуелен кога студент од Универзитетот на Токио сфатил дека добил фотографија од тестот и ги известил властите, а потоа била организирана истрага.
Во Јапонија учениците и студентите ги оставаат телефоните и дигиталните уреди во торбите додека трае тестирањето.
Студентката ги направила фотографиите со телефон кој го криела во ракавот на нејзината јакна.
Извор:
Japan Today
Фото: Pixabay