Од морето загатки кои секојдневно кружат низ интернетот, оваа најновата се чини доста едноставна но всушност е доста интересна и предизвикувачка отколку што се чини на прв поглед, а некои извори тврдат дека дури 70% од луѓето грешат уште при првиот обид.
Задачата е следна: утврдете колку моливи се наоѓаат на сликата.
Најбрзиот начин со кој ќе стигнете до точниот одговор е да преброите колку моливи се наоѓаат во еден од четирите испреплетени сетови, па потоа да го помножите со бројот на сетови.
Точниот одговор е 72. Во секој сет се наоѓаат точно 18 моливи, а тој број помножен со 4 го дава конечниот одговор.