03.07.2015
Живот
Тест од 1935 година со кој откривале какви се луѓето длабоко во себе
Овој тест кој бил создаден од унгарскиот психијатар Леополд Сонди во 1935 година се состои од 48 фотографии на психијатриски пациенти кои биле поделени во осум групи, а оваа погоре е петтата серија на фотографии.
Тестот се прави на тој начин што се избира едно лице од овие осум кое не би сакале да ги сретнете во мрак.
Важно е да се напомене дека резултатите од тестот апсолутно немаат врска со индикациите дека имате некаква ментална болест.
Наједноставно објаснување на овој тест е тоа што се темели врз основа на тоа кои карактеристики ни пречат кај одредена личност, а тоа се токму оние карактеристики кои нè потсетуваат кај нас самите и токму нив сме ги потиснале во раниот период од својот живот.
Откако ќе го изберете бројот на фотографијата и ќе го погледнете значењето, ќе видите дека постои потиснување кое го претставува нашиот одбранбен механизам кој не` штити од мислите и желбите кои ги носиме во нас, а поради кои се чувствуваме непријатно и тие се сместени во нашата потсвест.
Исто така, постои и негирање кое претставува ментален процес со кој ние ги одбиваме нашите најдлабоки нагони и затоа во текот на животот усвојуваме сосема спротивни типови на однесување.
1. Садист
Потиснување - Сонди смета дека во раните години од животот сте потиснале некои искуства кои се поврзани со авторитативноста, потребата за доминација и склоноста кон лошите намери. Можно е да сте потиснале навредливо или штетно однесување кон другите во раниот период од животот.
Одрекување - Најчесто станува збор за личности кои се безопасни за околината и кои имаат прилично мирен карактер и сакаат да им помогнат на другите. Но, кога не сакате нешто да направите, тогаш создавате препреки помеѓу себеси и она што не го сакате. Да речеме, ако не ја сакате вашата работа, тогаш доцните наутро и покажувате прилично лоша волја.
2. Епилептичар
Потиснување - Овде некои од карактеристиките се импулсивност, раздразливост, изливи на лутина и агресивност. Ако фотографијата број 2 предизвикува негативна реакација, веројатно во вашето детство сте потиснале некои од овие чувства и однесувања во потсвеста.
Одрекување - Вие сте мирна личност која е љубезна кон луѓето околу себеси. Давате впечаток на човек кој има самоконтрола и поради тоа сте обично пријателски насочени, а исто така сте и стабилни во вашите чувства и едноставно се поврзувате со луѓето, идеите и работите.
3. Кататоничар
Потиснување - Некои значења на ова ментално пореметување е претерана стимулација на имагинацијата, негативизам и спознавање во целина. Изборот на фотографија број 3 предизвикува негативни емоции кај вас, можеби сте потиснале некоја хиперактивност на умот, што придонесува да изгубите допир со реалноста.
Одрекување - Не сте тип кој сака иновации и промени, и повеќе сакате стереотипно однесување. Можно е да сте срамежлив тип на личност на која и` е тешко да се прилагоди во нови и непредвидени ситуации во животот. Ви е страв да не изгубите контрола и самоконтрола, поради што користите одбранбено однесување.
4. Шизофреничар
Потиснување - Овој тип го карактеризира интензивна апатија, искривени мисли и некомпатибилни емоции. Веројатно се наметнува чувство на рамнодушност кон другите и повлекување на многу нешта и настани во раните фази од вашето детство.
Одрекување - Мора да сте социјална личност затоа што верувате во дружење и комуникација со другите луѓе и затоа често излегувате, но сепак се чувствувате како да сте сами. Иако можеби сте дружељубиви, вашите односи изгледаат безлично и површни и сметате дека другите луѓе не ви требаат во вашиот живот.
5. Хистеричар
Потиснување - Овој тип на личност има доста површни и променливи емоции, нарцист е и егзибионист. Можно е ваквото однесување да е условено со незаситната желба за внимание и одобрување од околинта.
Одрекување - Изгледате како личност која е скромна, а воедно поседувате интензивен внатрешен живот. Во реалност понекогаш имате претерана желба да ги шармирате другите иако изгледате мирно и срамежливо. Но, вие истовремено внимателно гледате како да се однесувате. Сакате да сте елегантни и убаво облечени, а често внимание привлекувате со вашите модни додатоци.
6. Депресивец
Потиснување - Основните симптоми се недостаток на самодоверба, чувство на инфериорност и вина.
Одрекување - Депресивецот и тоа како може да биде отворена и безгрижна личност која покажува самодоверба и оптимизам (иако не ги чувствува). Некогаш знаете да бидете сомнителни, груби или да имате ненадејна промена на расположението.
7. Манијак
Потиснување - Карактеристиките на овој тип се прекумерна стимулација, отвореност, преценување на себеси. Во себе носите некој вид на возбудување кое доколку не го држите под контрола, може да ве претвори во фанатички мистик.
Одрекување - Со вашето однесување не сакате да ги провоцирате луѓето околу себе, а најверојатно мразите врева, крајности и претерување. Делувате како дискретна личност која знае како да се воздржи.
8. Дисоцијаивно пореметување на идентитетот
Потиснување - Овој вид на личност изразува желба кон лужето да живее и да биде прифатен како член на спротивниот пол. Ако фотографијата ви изгледа опасно, можеби во вашето рано детство, сте го потиснале прашањето за вашиот сексуален идентитет.
Одрекување - Имате тенденција недвосмислено да го потврдите вашиот биолошки пол. Вашето однесување, манири и вашата појава нагласуваат дека сте „вистински“ маж или жена.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски