Интелигенцијата најчесто се дефинира како способност за брзо и ефективно снаоѓање во нови и непознати ситуации.
Постојат повеќе типови на интелигенција. Д-р Хауард Гарднер наведува дека
постојат седум: интерперсонална, интраперсонална, егзистенцијална, натуралистичка, музичка, телесно-кинетичка, Логичко-математичка, вербално-лингвистичка и визуелно-просторна интелигенција.
Врз интелигенцијата имаат влијание многу нешта: генетиката, општеството, семејството, образованието, итн.
Сепак, постојат и неколку показатели кои навидум немаат никаква врска со неа, но тие кажуваат дека сте попаметни од другите. Ова се тие показатели.
Најстаро дете сте
Постарите деца обично се попаметни, но не поради нивната генетика. Истражување од 2007 година вели дека тоа е поради психологијата и семејната динамика.
Сте учеле да свирите инструмент
Истражување од 2011 година заклучи дека веербалната интелигенција на 4 годишно и 6 годишно дете се подобрува после неколку месечно занимавање со музика.
Не пушите
Истражување од 2010 година ја испитувало интелигенцијата кај 20.000 мажи на возраст помеѓу 18 и 21 година. Тие откриле дека просечниот коефицент на интелигенција кај пушачите е 94, а кај непушачите е 101.
Слаби сте
Здравото тело е поврзано со здравиот ум. Француско истражување од 2006 година ја испитувале меморијата на луѓето со прекумерна тежина и на слабите луѓе. Истражувањето покажало дека луѓето со прекумерна тежина можеле да се сетат на 44% од зборовите, додека слабите луѓе можеле да се сетат на 44% од понудените зборови.
Пишувате со лева рака
Неодамнешно истражување го поврзало користењето на левата рака со дивергентното размислување, односно обликот на креативноста која потекнува од новите идеи.
Рекреативно користите дрога
Истражување од 2012 година открива поврзаност на висока IQ во детството и рекреативното консумирање на дрога на подоцнежна возраст. Ова укажува на корелација помеѓу високиот коефицент на интелигенција и усвојувањето на штетни навики.
Имате мачка
Истражување од 2014 година покажува дека луѓето кои имаат куче се повеќе екстровертни, а луѓето кои имаат мачка се поинтелигентни. Можеби причината е во тоа што интровертните луѓе се повеќе насочени кон интелектуално хоби.
Високи сте
Научно истражување од Принстон открива дека и кај малите деца, помлади од 3 години, пред училиштето да направи некакво влијание - малку повисоките покажуваат подобри резултати на когнитивните тестови.