Фото: Pixabay
Интелигентните луѓе знаат дека класичната одмазда претставува емоционално исцрпување на себеси, па затоа не ни помислуваат да ја применат.
Тие не кројат планови и не смислуваат теории за тоа како би можеле да им се одмаздат на оние што ги повредиле. Нема ни да се повлечат како некои луѓе и да се затворат помеѓу четири ѕида, избегнувајќи средби со овие луѓе, ниту пак тоа ќе им ја уништи самодовербата.
Наместо тоа, тие почнуваат да ги игнорираат оние што ги повредиле или што им згрешиле. Едноставно се однесуваат како тие луѓе повеќе да не постојат. Токму ваков облик на однесување најмногу ги погодува луѓето што повредиле некој - повеќе од какви било зборови и дела.
Никој не сака да биде невидлив за другите, па игнорирањето е всушност најдобриот вид одмазда. Интелигентните луѓе се свесни за тоа и не се трудат премногу додека игнорираат некоја личност. Таа личност во својата глава ја ставаат на многу пониско место, кое не го заслужува нивното внимание.
„Кога некој човек е игнориран, тој се прашува зошто. Ако е свесен дека ваквата реакција ја предизвикал со некоја негова лоша намера, тоа нема да му даде мир. Постојано ќе се прашува што мисли тој што го игнорира, дали ќе направи некаков потег и слично“, објаснува психологот Елизабет Мајер.
Токму затоа игнорирањето е најдобра форма на одбрана против лошите луѓе, а ова го потврдиле и старите мудреци. Тоа ќе им покаже на лошите луѓе дека сте над нив и ментално и на сите други полиња. Исто така, игнорирањето ќе почне да ја „јаде“ личноста бидејќи нема да може од вашето однесување да прочита што мислите за неа. На крајот ќе сфати дека залудно се обидела да ви наштети бидејќи не предизвикала бурни реакции кај вас.
Се разбира, некои луѓе може да ве повредат несвесно, но во тој случај мора да бидат
подготвени да се извинат за она што го направиле, а вие треба да бидете подготвени да им простите - тоа покажува колку некој човек е голем и колку е над емоциите.