Во некој дел од нечиј живот би било добро човек да се смета за интелигентен или да поседува висок коефициент на интелигенција.
Можете да ги направите сите тестови за интелигенција и да ги прочитате најкомплексните книги, меѓутоа, мора да постои полесен начин да откриете колку сте паметни.
За среќа, „Еј-ес-еј-пи сајнс“ посочува четири прашања што би можеле да ви помогнат да откриете колкава интелигенција поседувате. Тие ја оценуваат вашата емоционална интелигенција, вашите вербални и невербални вештини и вашата музичко-ритмична интелигенција, како и вашата визуелна интелигенција.
За да го направите овој мини-квиз, погледнете го видеото подолу и слушајте внимателно.
Како што забележувате од видеото, не постои еден начин да откриете колку сте интелигентни бидејќи интелигенцијата покрива неколку особини и теми. Така, можете да бидете паметни во препознавање на тоа дали тонот е правилен во одреден дел од музиката, меѓутоа, од друга страна, би можеле да имате тешкотии во откривање на правилната форма.
Интелигенцијата може да биде во различни форми и понекогаш е потпомогната од вашето воспитување.