X
 03.03.2017 Наука

Карл Сејган ја потврдува теоријата за еволуција на Дарвин

Покрај бројните научни достигнувања, Карл Сејган е познат по неговите вештини како едукатор и застапник на науката. Тој не само што поседувал огромно научно знаење туку и знаел како да се произнесе со ентузијазам и јасност.

Во една радиоемисија тој пред јавноста одговара на прашања за Дарвиновата теорија за еволуцијата. Откако еден слушател наведува повеќе сомнежи за теоријата на крај го прашува што е вистината. Саган без двоумење, објаснува во кратки црти:

„Размислете за вештачка селекција. Има нешто посебно во врска со неверојатната природна селекција, особено ако мислите дека светот е само неколку илјади години стар, како што вели библиската хронологија. Тогаш идејата за еден вид што се претопува во друг е апсурдна, никогаш не го гледаме тоа во секојдневниот живот, тоа ни е кажано. Но сметајте дека, на пример, разновидноста на кучиња на планетата... ние луѓето сме ги направиле... со контролирање кое куче со кое ќе се спари... Во краткиот период од 8.000 или 10.000 години сме го произвеле овој огромен спектар на кучиња. Сега споредете го тоа со 4 милјарди години биолошка еволуција, не вештачка селекција, туку природна селекција, која оди не само на целокупната личност и карактеристиките на кучето, туку биохемијата и внатрешните органи... и потоа е јасно дека убавината и различноста на животот на земјата може да се појават. Но ако не ги прифатите 4те милјарди години, не ја прифаќате ни еволуцијата.“

Еве како Карл Сејган ја објаснува еволуцијата:

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука