X
 27.01.2017 Наука

Се остварува ли „пророштвото“ на Карл Сејган?

Пред 24 години, еден од најголемите умови на 20 век, јасно и прецизно го опиша светот каков што е денес.

Низ социјалните мрежи се споделуваше цитатот од неговата книга „Свет прогонуван од демони“: „Чувствувам дека Америка на моите деца или внуци ќе стане место исклучиво со услужна или информатичка економија, дека речиси сите производствени индустрии ќе побегнат во други земји, дека феноменалната технолошка моќ ќе биде во рацете на неколкумина, дека на јавниот интерес никој нема да обрнува внимание, дека луѓето ќе ја изгубат способноста за донесување сопствени ставови и поставување критички прашања кон оние на власт, дека ќе се вратиме во ерата на незнаењето и темнината кога ќе ја изгубиме способноста за разликување на доброто и вистинитото...“

Зборовите на Саган навистина јасно и прецизно го опишуваат нашето време. Две децении претходно, тие совршено  ја дијагностицираат моменталната парализа во размената на информации, кои се загушени од намерно или ненамерно ширење на дезинформации. Без разлика дали овој проблем ќе го наречеме „лажни вести“ или пак  „алтернативни факти“, предвидувањата на Саган за свет во кој „се губи способноста на разликување на доброто и вистинитото“ се чини дека се реализираат пред нашиот нос.

karl
Фото: Screenshot/YouTube

„Заглупувањето на Америка е најочигледно во бавното пропаѓање на материјалната содржина на вонредно влијателните медиуми, во појавата за звучни „џинглови“ од по 30-тина секунди, појава на програми на ниво на најмал заеднички именител, во претставувањето на псевдонауката и празноверието како релевантни, а особено со своевидно славење на незнаењето“.

Треба да се потенцира и целосниот назив на неговата книга: „Свет прогонуван од демони -науката како свеќа во темнината“.

Книгата ја напишал како страстен апел за користење на научното рамислување и научните методи во носењето одлуки на дневна основа. Тој напишал: „Во секоја земја децата треба да ги учат научните методи и причините за Повелбата за правата“.

Саган тврдел дека научниот пристап е најдобриот начин и за контролирање на нашите политички претставници, за да работат во наша корист. Последната глава од неговата книга ја  нарекол „Вистинските патриоти поставуваат прашања“ каде  заклучува: „Доколку граѓаните се образовани да донесуваат сопствени мислења, во таков случај власта ќе работи во нивна корист. Така ќе се развива определена пристојност, покорност, дух на заедништво. Во свет прогонуван од демони, што го исполнуваме со човечки доблести, тоа би можело да биде сè што стои меѓу нас и темнината што се заканува“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука