X
 07.04.2018 Наука

„Дарвин ни откри зошто живееме и зошто сме на Земјава“

darvin
Фото: Wikipedia

Британскиот научник Чарлс Дарвин на 5 април, пред 159 години, ги предал првите три поглавја од својата книга „Потекло на видовите“. Книгата ја подготвувал 22 години, а била распродадена во еден ден.

Дарвин не знаел дека книгата ќе биде една од највлијателните некогаш објавени, но знаел дека неговата Теорија на еволуција ќе крене прашина. Токму затоа со години го одложувал објавувањето на книгата за природната селекција, а повеќе од две децении посветено работел на идеите за кои бил инспириран од неговото патување во Јужна Америка.



Дарвин бил пет од шесте деца на еден богат англиски лекар и од најрано детство бил заинтересиран за ботаника и природни науки иако, наводно, неговите родители го наговарале да се откаже од идејата. Кога отишол на „Кембриџ“, запознал професори и научници со слични интереси и почнал да учествува на научни патувања. До своето враќање веќе изградил репутација како одличен теренски научник и писател кој неуморно пишува писма.

Кога се вратил, ги објавил студиите за зоологија и геологија, додека тајно работел на Теоријата на еволуцијата. Во меѓувреме се оженил и добил седум деца. На изненадната објава на делото го натерало тоа што научникот Алфред Расел Валас објавил труд со слични заклучоци. До 1872 година биле испечатени шест изданија на книгата „Потекло на видовите“.
Со својата работа Дарвин ги поставил темелите на современата ботаника, молекуларната биологија и генетика.

„Тој е најважниот мислител што некогаш се родил. Докажал дека луѓето не се кулминација на развојот создадени од ликот на Бог, туку дека сме само делче од мозаикот, поврзани со сите други живи суштества. Дарвин лично ни открил зошто живееме и зошто се наоѓаме на Земјата, како и дека не сме последица на интелигентен дизајн“, вели биологот Ричард Докинс.

Првите изданија на книгите на Дарвин и денес достигнуваат високи цени, па така четвртото издание на книгата „Потекло на видовите“ од 1861 година се продава за речиси 5.400 евра.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука