X
 03.03.2019 Живот

Македонците преку „Дуолинго“ најмногу сакаат да ги учат овие два јазика

Сѐ повеќе луѓе ја користат технологијата во учењето странски јазици, а еден од најпопуларните помошници за совладување на некој јазик е апликацијата „Дуолинго“. Со помош на оваа апликација на брз и забавен начин се збогатува речникот и се учи некој јазик.

Деновиве на социјалните мрежи се појави и мапа на која може да се види кои јазици се најпопуларни за учење меѓу жителите на сите европски земји.

Секако, на мапата се најде и нашата земја. Така, може да се види дека најпопуларниот јазик за учење преку „Дуолинго“ во Македонија е германскиот. Слична е ситуацијата и во соседните земји, освен во Грција, каде, како и во поголемиот дел од Европа, најпопуларен за учење е англискиот јазик.

Вториот најпопуларен јазик за учење преку „Дуолинго“ во Македонија е шпанскиот. Втората мапа е малку пошарена во соседството, па во Албанија втор најпопуларен е англискиот, во Црна Гора и во Хрватска е италијанскиот, додека во останатите земји од регионот исто како кај нас, втор најпопуларен јазик за учење е шпанскиот.

Погледнете ја мапата.
Most popular languages studied on Duolingo by country [OC] from r/europe
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот