X
 31.08.2015 Образование

Недостатокот на образование може да биде смртоносно колку пушењето?

образование

 

Секоја година, истражувањата покажуваат дека десетици илјади луѓе умираат порано отколку што треба поради причина која може да се спречи. Не е пушењето, не е вежбањето или јадењето шеќер - туку напуштањето на факултетот.


Само во 2010 година, повеќе од 145.000 смртни случаи во САД би можеле да се спречат доколку учениците не се откажеле од средно училиште, додека одењето на факултет спаси повеќе од 110.000 луѓе.

Ако сите луѓе во Америка имаат универзитетска диплома, тогаш би можеле да се спречат половина милион прерани смртни случаи секоја година.

Општо земено, луѓето со повеќе години образование имаат тенденција да бидат поздрави. Причината за ова е затоа што знаењето кое го стекнуваат им помага со тоа што на некој начин „ги тера“ да се хранат поздраво и да вежбаат или да ги следат насоките на докторите.

Истражувачите кои се занимаваат со ова истражување сакаат да покажат дека и тоа што еден човек не е образован, исто како пушењето може да биде смртоносно.

Конвенционална мудрост е дека луѓето со повисок степен на образование се исто така поздрави. Но, изненадувачки е тешко да се разоткрие зошто е тоа така, бидејќи не е јасно дали самото образование или диплома ја прават разликата.

Луѓето можеби се поздрави бидејќи образованието ги прави поспособни да се грижат за себе или да не се разболат на право место. Истражувањето од 2001 година покажува дека пациентите со повисоко образование повеќе се согласуваат со треманот за болести како дијабетес и СИДА. Пообразованието луѓе исто така имаат помала веројатност да пушат, поголема веројатност да вежбаат и помала веројатност да бидат дебели.

Но луѓето со повисоко образование исто така заработуваат повеќе пари и имаат повисок социоекономски статус. Историски гледано, тие имаат помала шанса да живеат во сиромаштија.

Истражувачите кои ја проучувале врската меѓу образованието и здравјето велат дека другите фактори не можат целосно да ги објаснат разликите во здравјето меѓу помалку и повеќе образованите луѓе. Но признаваат дека е тешко да се каже дали самото образование ја прави разликата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование