X
 31.07.2015 Технологија

Како да ги ограничите податоците кои ги давате преку "Facebook"?

Дали некогаш сте се логирале во одредена апликација преку „Фејсбук“? Тоа е лесна алтернатива за создавање профил на секоја страница или апликација. Проблемот е во давањето на личните информации на тие апликации и интернет-страници кога се вклучувате преку социјалната мрежа, како роденденот и електронската адреса.


Пред неколку месеци, компанијата го промени начинот на вклучување за корисниците да имаат можност да одберат кои лични информации сакаат да ги споделат со другите апликации. Ова е суптилна, но голема промена која им дава контрола на корисниците.

Како функционира?

Кога одредена апликација ќе ве праша дали сакате да се вклучите со „Фејсбук“, ќе видите екран кој открива кои лични информации ќе бидат споделени. Пред промената имавте само еден избор: прифати или одбиј. Но, сега може да ги уредувате податоците. Со притискање на „edit“, ќе видите екран кој ги дели информациите за да може да одберете кои сакате да ги споделите.





Има и можност да се спречи одредена апликација да објавува информации на социјалната мрежа пред претходно барање дозвола.

Доколку сакате да ги промените веќе прифатените услови, одете во „App settings“ во „Фејсбук“, на интернет или на апликацијата.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија