Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција утринава.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот бил 121 километар југозападно од Солун, а според сведочењата на социјалните мрежи, тој бил почувствуван и во јужниот дел од Македонија.
По силниот земјотрес следувале и неколку силни афтершокови.
На социјалните мрежи почнаа да се појавуваат снимки на кои може да се видат многу луѓе излезени на улиците, но и снимки на кои може да се види нишањето почувствувано во домовите на Грците.
Засега нема известувања за жртви, а некои грчки медиуми објавија дека има материјална штета.
Фотографија на жител на Тирнавос /metrosport.gr
Фотографија на жител на Тирнавос /metrosport.gr