X
 25.06.2026 Живот

Силен земјотрес ја погоди Венецуела: најмалку 32 загинати, стотици повредени

Најмалку 32 лица загинаа, а повеќе од 700 се повредени откако два силни земјотреса ја погодија Венецуела, предизвикувајќи уривање на згради, прекин на сообраќајот и масовни спасувачки операции.

Според податоците на Американскиот геолошки институт, прво бил регистриран земјотрес со магнитуда од 7,2 степени, а само 39 секунди подоцна следел уште посилен потрес од 7,5 степени. Епицентарот бил западно од Каракас, а потресите биле почувствувани низ голем дел од земјата.

Најголеми штети се пријавени во Каракас и крајбрежниот регион Ла Гуаира. Во главниот град се урнале повеќе станбени и деловни објекти, а жителите во паника ги напуштале домовите и излегувале на улиците. Спасувачките служби и натаму трагаат по преживеани под урнатините.

Привремената претседателка Делси Родригез прогласи вонредна состојба. Поради оштетувања беа затворени главниот меѓународен аеродром во Маикетија, делови од метрото во Каракас и други транспортни системи.

Бројот на жртви засега изнесува најмалку 32 лица, додека повеќе од 700 се повредени. Се урнале десетици згради и дека спасувачките екипи работат непрекинато во потрага по затрупани лица.

Експертите предупредуваат дека опасноста сè уште не е завршена. По главните потреси биле регистрирани речиси дваесетина последователни земјотреси, а граѓаните се повикани да избегнуваат оштетени објекти и да ги следат упатствата на надлежните служби.

Извор: BBC | Euronews.com 
Фото: Facebook

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот