По неколку дена од двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела, 33 лица се извлечени живи од под урнатините, изјави привремената претседателка на државата, Делси Родригез.
Меѓу нив беа и две единаесетгодишни момчиња, кои на 28 јуни беа спасени од урнати згради во рок од неколку часа.
Сепак, со оглед на тоа што десетици илјади луѓе сè уште се водат како исчезнати, надежите за пронаоѓање на повеќе преживеани слабеат од час во час.
Хуманитарните организации велат дека првите 48 до 72 часа по катастрофата се клучни за пронаоѓање живи луѓе.
Но, потрагата по преживеани не е завршена.
Во текот на изминатиот викенд Националната единица за управување со ризици од катастрофи (УНГРД) на Колумбија го извлече 11-годишното момче по име Моисес од околу три метри урнатини.
Ројтерс извести дека спасувач преку воки-токи соопштил дека момчето било пронајдено во близина на неговата сестра и мајка – двете починати.
Неколку часа подоцна, привремената претседателка Делси Родригез објави видео на социјалната мрежа Х, на кое е прикажано спасувањето на друго единаесетгодишно момче во градот Карабаљеда.
Фото: принтскрин/видео