X
 03.04.2019 Технологија

„Џимејл“ ги чести корисниците за својот 15. роденден

„Џимејл“ деновиве го прославува својот 15. роденден и по тој повод од „Гугл“ одлучија да ги честат своите корисници со нови додатоци.

Една од нив е опцијата за закажување на датумот и часот за испраќање на пораките. Оваа задача досега ја вршеа разни екстензии. Кога функцијата конечно ќе стане достапна за сите, ќе може да се активира со кликање на стрелката покрај Send.

Тука е и функцијата Smart Compose, која сама учи да се приспособува на навиките и стилот на корисниците. Таа, благодарение на вештачката интелигенција, ќе може да ги препознае вообичаените поздрави што ги користи корисникот.

Тоа значи дека доколку корисникот своите пораки најчесто ги започнува со „здраво“, повеќе нема да мора да го повторува постојано.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија