X
 26.06.2018 Технологија

Запрете ги овие апликации пред да ви го истрошат целиот интернет

Останавте без мобилен интернет пред крајот на месецот? Сигурно ви се има случено вакво нешто барем еднаш. За среќа, оваа незгодна ситуација може да се избегне со едноставно менување на поставките. Еве како.

„Јутјуб“

За да го минимизирате трошењето на „Јутјуб“, отворете Поставки > Заднини и преземања. Ако знаете дека ќе гледате видеа на мобилен, во делот Преземање променете го квалитетот на видеото на „ниско“ или „средно“. Разликата не е видлива на помал екран.

Исклучете го и автоматското пуштање на видеата. И тоа не е доволно? Размислете за користење лајт верзија на „Јутјуб“.

„Фејсбук“

„Фејсбук“ нуди опција за намалување на користењето на податоците, но можете и дополнително да ги контролирате поставките на апликацијата со одење во Поставки и приватност > Штедач на мобилен интернет и вклучете ја оваа функција. Можете исто така да изберете да ги зачувувате датотеките само кога користите Wi-Fi, што ќе ја намали големината на сликите и ќе ја запре автоматската репродукција на видеата.

Не сакате да ја намалите големината на сликите? Запрете ја репродукцијата на видео автоматски со одење до Поставки и приватност > Приспособувања > Медиуми и контакти > Автоматска репродукција. Можете да изберете помеѓу автоматска репродукција „само на Wi-Fi“ или „никогаш“. „Фејсбук“, исто така, нуди лајт верзија на апликацијата.

„Твитер“

За да го спречите „Твитер“ да ви го јаде мобилниот интернет, одете во Нагодувања и приватност > Употреба на податоци. Во делот Видеа, изберете Висококвалитетно видео, а потоа Само за Wi-Fi. Одете во Автоматска репродукција на видео и изберете Wi-Fi. Мобилната верзија на апликација што користи помалку податоци е достапна на mobile.twitter.com.

„Инстаграм“

За разлика од другите апликации што ви нудат различни можности за заштеда на податоци, „Инстаграм“ нуди само користење на помалку податоци.

Одете во Поставки, потоа во Користење мобилни податоци и селектирајте Користи помалку податоци. И тоа е тоа. Апликацијата предупредува дека вклучувањето на оваа функција ќе предизвика побавно вчитување на фотографиите и видеата, па оваа опција е само за оние со силни нерви или за оние што се крајно очајни.

„Снепчет“

Оваа апликација овозможува промена на поставките за користење податоци со еден допир. Но, таа поставка е закопана во апликацијата. За да штедите, одете во Поставки и во делот Дополнителни услуги изберете Управување. Проверете дали е означен начинот „патување“.

„Џимејл“

Ако користите „Џимејл“, постојат неколку поставки поврзани со податоците што треба да се променат бидејќи тие можат значително да влијаат врз вашата употреба на податоци. Одете во Поставки, а потоа на името на вашата сметка. Ако имате повеќе сметки, ќе треба да ги промените нагодувањата поединечно за секоја од нив. Можете да го исклучите „Синхронизирај го Џимејл“ или „Sync Gmail“. Ова значи дека нема да добивате известувања за е-пошта освен ако не ја отворите апликацијата и рачно не ја „освежите“.

Ако користењето на податоци сè уште е високо, можете да одберете „Џимејл Гоу“, алтернатива за побавни телефони.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија