X
 28.07.2021 Технологија

Овој трик во „Џимејл“ ќе ви заштеди многу време и нерви

Наместо проследување една порака на еден примател, „Џимејл“ нуди можност за праќање неколку пораки одеднаш во една единствена порака. Звучи комплицирано, но е многу едноставно.

Ако сакате некому да му испратите неколку пораки преку „Џимејл“, тоа можете да го направите со праќање една порака. Но, пред тоа треба да внимавате на едно ограничување - конечната порака не смее да е поголема од 25 мегабајти.

Процедурата на испраќање повеќе пораки во една е многу едноставна: изберете неколку пораки што сакате да ги проследите. Кликнете на десниот клик, па потоа „Forward as attachment“. Потоа следуваат оние вообичаени чекори како додавање на примателот на пораката и текстот што ќе му го напишете и на крај испраќањето.

Доколку не ви се чита водичот, можете да го погледнете следното видео од „Гугл“ во кое е објаснето како можете да испраќате повеќе пораки во една порака.



Извор: tportal
Фото: Unsplash
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија