X
 03.04.2023 Наука

Обидете се да ги дешифрирате свитоците од Помпеја и може да добиете 1 милион долари

Во еден обичен ден во 79 година од н.е. еруптирал вулканот познат како Везув, покривајќи го градот под него со вулканска пепел. Така, градот Помпеја бил уништен, а луѓето кои живееле таму се задушиле. Градбите од градот исчезнале, а не биле откопани стотици години.

Денес, историчарите го гледаат градот Помпеја како вредна временска капсула на античкиот живот, зачувана исто како што била тој кобен ден. Меѓу урнатините истражувачите откриле изгорени свитоци од папируси познати како „Херкуланеум папируси“, кои не може да ги дешифрира никој веќе 275 години.

1
Свиток 1

Новиот натпревар познат како „Везув предизвик“ нуди 1 милион долари за оној што конечно ќе ги дешифрира свитоците со помош на вештачката интелигенција.

Овие папируси биле пронајдени во 1750 година во вила што некогаш му припаѓала на дедото на Јулиј Цезар. Античката библиотека била поцрнета и карбонизирана од топлината на ерупцијата. Од откритието на истражувачите, многу од јагленосаните свитоци биле изгубени. Останатите 600 продолжуваат да претставуваат загатка за истражувачите.

2
Свиток 2

Предизвикот е финансиран од претприемачот Даниел Грос и поранешниот извршен директор на „Гитхаб“, Нат Фридман. Наградата е 700.000 долари за тимот што ќе искористи вештачка интелигенција за скенирањата за да прочита најмалку четири одделни дела од континуиран и веродостоен текст од свитоците, секој долг најмалку 140 знаци, до 31 декември 2023 година. Помала награда од 100.000 денари ќе добие кандидатот што ќе го детектира мастилото, користејќи го првото откритие на тимот на д-р Брент Сиалс од Универзитетот во Кентаки, кој всушност ја создал техниката „виртуелно одвиткување“, а подоцна ќе бидат и објавени наградите од над 200.000 долари.
За оние што се заинтересирани за учество во предизвикот, податоците се достапни онлајн доколку сакаат веднаш да почнат со работа.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука