X
 21.03.2020 Наука

Математиката поврзана со пандемијата што секој треба да ја разбере

Џејсон С. Варнер од веб-страницата „Медиум“ направи детална математичка анализа поврзана со коронавирусот и неговото ширење. Како што вели тој, важно е секој од нас да ја знае математиката за пандемијата со која се бориме денес.

Џејсон е извршен директор на успешна софтверска компанија што обезбедува податоци и аналитика на компаниите. Пред да ја основа компанијата, бил извршен директор на големи тимови за регрутирање во некои од најбрзорастечките компании во светот, како „Старбакс“ и „Гугл“. Има магистратура по хемиски инженеринг и факултетска диплома за бизнис.

Како што вели, тој не е новинар, а статијата ја напишал за да ја раскаже вистината за тоа што се случува со пандемијата и да ја објасни математиката преку едноставни термини затоа што многу луѓе не сфаќаат што се случува со пандемијата.


Тој истакнува неколку проблеми со кои се соочуваме во екот на пандемијата.

Проблем број 1:
Социјалните норми се моќни мотиватори и ги спречуваат луѓето да ги преземат правилните чекори за соодветно да реагираат на пандемијата.

Чудно е и излегува како да претеруваме. Тоа е така затоа што повеќето луѓе ги преценуваат тековните случаи и ја потценуваат математиката за тоа како се шири вирусот. Причината е тоа што нашите мозоци имаат тенденција да размислуваат линеарно, наспроти логаритамски. За да се создаде нова социјална норма, луѓето сакаат да го видат однесувањето:

 - Ако некој друг го прави, и јас треба да го правам.


Проблем број 2:
Многу луѓе се фокусираат на погрешни бројки.

Да, вирусот убива мал процент од заболените. Да, обичниот грип убива десетици илјади луѓе годишно. Да, 80 отсто од населението ќе имаат лесни симптоми кога ќе се заразат со Ковид-19. Да, смртната стапка е релативно ниска (1-2 отсто). Сето ова е вистина, но се фокусирате на погрешни бројки.


Природата на експоненцијалната математика е тоа што стапките на инфекција почнуваат полека, a потоа се однесуваат како бомба и ги преполнуваат болниците.

Треба да претпоставите дека вирусот е насекаде во овој момент, дури и ако нема потврдени случаи во вашата област.

Важно е да ја направите оваа двеминутна математика од 3 чекори за да разберете:

1 чекор: За понатамошно разбирање на експоненцијалниот раст, земете го бројот на потврдени случаи во вашата област и помножете го со 10 (или 50 ако верувате во процените на „Харвард“ и „Масачусетс“) за да ги пресметате случаите што сè уште не се потврдени. 10 случаи во вашиот град, ако сè уште нема пријавени случаи. Овој број на заразени лица се удвојува на секои 3 дена кога се шири болеста. Значи, земете го вашиот број и помножете го со 2. Направете го повторно. А потоа, повторно направете го истото. И уште еднаш. Правете ја оваа вежба за множење 10 пати.

virus
Фото: Pixabay

2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x (бројот на предвидени инфекции во вашиот град денес (не само пријавени случаи).

Овој резултат е процена за реалните случаи во вашата област по 30 дена. За математиката се потребни 30 секунди и мора да ја сфатите за да видите како расте. Ова е крајниот број на случаи во вашиот град по 30 дена од денес, ако голем процент од населението не практикува социјално дистанцирање.

Пример од местото каде што живеам, Бенд, Орегон:

6 потврдени случаи х 10 = 60 случаи (заклучно со 18.3.2020)

60 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 = 61.440 позитивни случаи на Ковид-19 во 30 дена. Ова е 60 отсто од населението во Бенд, Орегон. Ова не е за паника. Вака функционира експоненцијалната математика.

Стапката на инфекција на вирусот се удвојува на секои три дена. За 30 дена ќе има 1.024 пати поголем број заразени лица во вашата област ако вашата заедница не примени екстремно социјално дистанцирање.

2 чекор: Следните вежби се екстремно важни


Пресметајте 15 отсто (помножете со 0,15) од последната бројка на вкупно заразени лица по 30 дена. Ова ќе обезбеди процена на сериозни случаи на Ковид-19 што бараат хоспитализација и споредете го со бројот на кревети и достапни респиратори во вашата болница.

Пример: Бенд Орегон: 0,15 х 6.144 вкупно случаи = 921 Ковид-19 случаи за 30 дена за кои е потребна хоспитализација.

Последен чекор
: Помножете го вкупниот број на кревети во вашата локална болница со 0,35 за да разберете колку кревети може да се користат за пациенти со Ковид-19 во вашата област и споредете го со чекор 1 и чекор 2 во вашата област. Го гледате проблемот? Токму затоа владите ги заклучуваат градовите и државите низ светот.

Овие броеви што ги пресметавте го покажуваат големиот проблем: премногу пациенти, недоволно кревети и сериозен недостиг на респиратори, маски, доколку не практикуваме социјално дистанцирање.

Бројот на заразени се удвојува на секои три дена. Вестите и владините агенции заостануваат во нивниот одговор. Слушаме дека САД имаат 3.115 (15.15.2020) и тоа не изгледа како многу. Но, знаеме од Кина дека реалната бројка е поголема од пријавените случаи затоа што може да има заразени луѓе, а да не покажуваат симптоми. Во математиката „редоследот на големината“ значи десет пати поголема разлика.

Медицинската школа на „Харвард“ вели дека всушност има 50 пати повеќе случаи од пријавените. Тоа значи дека има над 75.000 случаи во САД.

Но, да претпоставиме дека сегашната бројка на заразени во САД е 10.000 за да видиме како би одела математиката:

Ако не запре ширењето на вирусот, за 30 дена ќе имаме од 2 до 10 повеќе случаи на заразени лица затоа што инфекцијата се дуплира на секои 3 дена.

Овој број е катастрофално голем проблем за сите нас: 10.000 случаи x 1.024 во САД за само три дена. Тоа се 10 милиони луѓе заразени со вирусот.

Откако владите на Кина, Норвешка, Франција и на Италија ја сфатија математиката, реагираа и затворија сè. Земјите што нема да се справат соодветно ќе платат многу поголема, покатастрофална цена.

Но, болничките кревети не се големиот проблем. Проблем е недостигот на респиратори.

Ако почнеме со социјално дистанцирање до 23 март, ќе се избегне заразување на 1,4 милион луѓе во САД.

Ако сите се придржуваат до екстремните мерки за социјално дистанцирање, САД драматично ќе го намалат ширењето на вирусот:

2 x 2 x 2 x 2 = 16

Наместо 10 милиони случаи, ќе има само 160.000.

Автор: Џејсон С. Варнер
Извор: Medium.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука