X
 03.04.2024 Живот

ФИНКИ го поддржува предлогот на директорот на ТИРЗ за решавање на проблемот со просторот

Откако вчера деканот на ФИНКИ изјави дека директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, понудил решение за проблемот со просторот, ФИНКИ апелира Владата на РСМ да го прифати решението на денешната седница.
Деспотовски рече дека имаат промоција на нови простории на ТИРЗ, па БРО може да се премести во старите простории на ТИРЗ.

- ФИНКИ изразува огромна благодарност до МАСИТ (Стопанска комора на за информатички и комуникациски технологии), од каде што дадоа безрезервна поддршка во однос на барањето на ФИНКИ и упатија апел до Владата на РСМ за итно решавање на проблемите со кои се соочува Факултетот. Во однос на предлогот на власта, односно директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, ФИНКИ го поддржува и смета дека во дадениот момент претставува најдоброто решение за нашите барања. Апелираме до Владата на РСМ на денешната седница да го прифати понуденото решение - изјавија од ФИНКИ.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот