X
 03.04.2024 Живот

Работни места во Германија што носат највисоки пензии

Пензиите во Германија зависат од различни фактори и се индивидуални, но има професии кои носат многу повисоки пензии од вообичаеното.

Важна улога играат и возраста на која работникот се пензионира, просечните примања во текот на работниот век и тешкотијата на работното место.

Колку подолго работи работникот, толку е поголем просечниот приход во текот на работниот век, а поголема ќе биде и пензијата. Повеќе поени, а со тоа и повеќе пари во пензија може да се добијат и за подигнување деца и особено напорна работа. Доколку сакате висока пензија, при изборот на кариера треба да внимавате не само на висината на просечниот приход, туку и на тоа дали таа може да се работи подолг временски период. Германското законодавство очекува придонесите да се плаќаат 45 години пред да се оди во пензија.

Државните службеници, лекарите, адвокатите, пилотите и професионалните менаџери се работни места со највисоки пензиски права. Луѓето што ги работат овие професии најчесто добиваат високи пензии. Државните службеници генерално имаат највисоки пензиски права во Германија бидејќи тие плаќаат отпремнини во текот на целиот свој работен век.

Високи пензии добиваат и лекарите, адвокатите, пилотите и менаџерите од различни професионални сектори. Причината за тоа се, од една страна, нивните високи примања, а од друга страна, тоа што често работат на своите работни места до возраста за пензионирање. Покрај тоа, вработените со високи примања се поспособни да креираат приватни пензиски планови, за разлика од оние со ниски примања.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот