X
 03.05.2019 Технологија

„Гугл“ може автоматски да ги избрише податоците за вашата локација

Факт е дека „Гугл“ го следи секој чекор на своите корисници. Оние што сакаат да избегнат овој технолошки гигант да знае точно каде се, мора рачно да ги избришат забележаните локации и потоа да му забранат на „Гугл“ да ги зачувува податоците.

Но, притиснат од различните правила за приватност, а и некои незгодни скандали, „Гугл“ одлучи да им овозможи на своите корисници да изберат временски период во кој сакаат да му овозможат да ги зачувува податоците за нивните навики.

Така, новата опција што постепено ќе се воведува кај сите корисници низ светот овозможува автоматско бришење на историјата на локации, но и активностите на интернет и на апликациите. Корисниците можат да изберат помеѓу 3 и 18 месеци, а потоа „Гугл“ ќе ги избрише податоците. Тоа не значи дека се укинува можноста за рачно бришење на податоците. Оваа можност и понатаму е тука ако не сакате „Гугл“ да го следи секој ваш чекор.

gugl
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија